На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент.

Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири во земјата.

Според информациите презентирани во Парламентот, 294 руски и 46 белоруски државјани во моментов поседуваат дозволи за оружје.

Откако ќе стапи во сила законот, тие ќе имаат рок од една година да го продадат оружјето или да го предадат на полицијата. Дозволите за поседување ќе им бидат укинати.