Легендата на Челси, Питер Чех, бил најзаслужен за успешните преговори за привлекување на ѕвездата на РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

Според англиските медиуми, Френк Лампард и Чех направиле пред карантинско патување во Германија за да разговараат со стрелецот за плановите на клубот за во иднина. Двајцата очигледно го воодушевиле германскиот напаѓач со визија за неговиот развој на „Стемфорд Бриџ“.

Според „Телеграф“, сегашниот технички директор на „сините“ одиграл улога на преведувач затоа што Вернер и неговиот татко и агент Карл-Хајнц Форстер не зборуваат англиски течно.

Поранешниот голман, исто така, се верува дека одиграл важна улога во убедувањето на Хаким Зиеш да се приклучи од Ајакс на лондонскиот тим