Екипата на Челзи попладнево во 9. коло од Премиер лигата го совлада Норич со 7:0.

Убедливиот триумф на „сините“ од Лондон е најголемата победа на Челзи откако Томас Тухел седна на тренерското место. Претходно, тимот не постигна повеќе од 4 гола на натпревар под водство на Германецот.

На денешниот дуел со Норич, фудбалерот за врска Мејсон Маунт постигна хет-трик. Главните напаѓачи на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, го пропуштија натпреварот поради повреди.