Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петшичек денеска изјави дека не гледа причина зошто неговата земја би го повлекла признавањето на Косово, но оти е подготвен за тоа да разговара со претседателот.
Тој го изјави ова откако чешкиот претседател Милош Земан претходно денеска во Белград најави дека за еден месец, на состанок на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето дали е можно да го повлече признавањето на независноста на Косово.
Петшичек вели дека таквиот потег не би бил во интерес „на јасноста на надворешната политика“.
– Иако не гледам причина за таква дебата во овој момент, затоа што ситуацијата на Балканот не е драматично сменета, со задоволство ќе разговарам со претседателот за неговото мислење, наведе шефот на чешката дипломатија.