Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им ја честиташе победата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучиќ. Македонија има пријатели!- објави Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме партиите на Орбан и на Вучиќ победија на парламентарните избори во Унгарија, односно на претседателските и парламентарните во Србија.