ВМРО-ДПМНЕ им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани припадници на исламската заедница, со желби за мир, спокојство, хармонија и здравје, стои во соопштението кое МИА ви го пренесува во целост.
Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста, на хуманоста, кои се принципи за обединување и поврзување.
Македонија има традиција на меѓусебно почитување и разбирање меѓу сите граѓани и почитување на различностите. Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме инклузивно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви, почитувани и сигурни, без разлика на нивната етничка, верска или културна припадност. Само преку заемна почит, толеранција и заедништво можеме да создадеме посилна, посигурна и попросперитетна држава за сите.
Во духот на празникот, да покажеме хуманост, да подадеме рака на оние на кои им е потребна помош и да ги негуваме вредностите што не обединуваат како општество.
Нека празничните денови донесат мир, љубов, хармонија и среќа во вашите семејства.
Нека е честит празникот Курбан Бајрам!




