Македонците од Пиринска Македонија денеска му оддадоа почит на великанот на македонската борба за самостојна и независна Македонија, Гоце Делчев. Тие се поклонија пред споменикот во селото Ново Делчево во општината Сандански.

– Четврти мај, 2002 година, село Ново Делчево, општина Сандански, Пиринска Македонија. Претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев, од градот Сандански, со група Македонци од Пиринска Македонија денеска положија венец на споменикот на легендарниот апостол и идеолог на македонското ослободително дело, револуционер и демократ, по повод 119 годишнината од неговото убиство во селото Баница, Серско во 1903 година, објавија Македонците од Пиринска Македонија.