Туристичкото место Велипоја и целата албанска јавност ја потресе тежок инцидент што се случи 30 минути по полноќ.
Четири лица загинаа, а две беа ранети во вооружен судир на плажата „пулај“ во ова познато тристичко место во северниот дел на Албанија.
-Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по масакрот.
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Во Велипија веднаш приситигнале прпадниците на специјалната единица и екипи за увид.
Настанот, според албанските медуми негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.