Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека повторно бил тестиран за коронавирус и дека тестот покажал негативен резултат, пренесуваат американските медиуми

Последниов тест на Болсонаро му е четврти овој месец, од 7 јули, кога соопшти дека е инфициран.

Бразилскиот претседател веста ја објави на Фејсбук, без да наведе кога е извршен тестот. Последниот тест му беше во средата, кога резултатот повторно, по трет пат, му беше позитивен.

Болсонаро, исто така, објави фотографија со кутија хидроксихлорокин, лек против маларија што не се покажа дека многу помага во лекувањето од Ковид-19.