Д-р Андон ЧИБИШЕВ
“Во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има злоупотребено цели два милиони и двеста илјади евра заради апашлук во агенцијата.
Тоа наводно го пријавила поранешната директорка која во јавноста е позната како главен возач на комбето за време на ,,Шареното лудило,, во 2016 година. И уште јавно кажува дека имала притисок од поранешен премиер кој е познат по тоа што ,, бил црпнат од нива,, да ја повлече пријавата.
И сега одговорните од европските фондови бараат да се вратат парите.
Актуелниот директор се жали дека бараат пари за да ги вратат. Значи, пак парите што тие ги крадат ќе ги враќаат од буџетот т.е од нашиот џеп. Никој не споменува дека треба да се најдат и уапсат апашите и од нив да се земат парите и да се вратат во фондовите на ЕУ.
Бандо криминална, крвта му ја испивте на народот“.
Реакцијата на Чибишев доаѓа по информациите дека директорот на Агенцијата Марко Ѓорѓиевски во разговор за Телма вели дека се прават напори да се обезбедат парите, но проблем е тоа што во моментов имаме техничка Влада и ни претстојат избори.
„Агенцијата со соработка со Владата и Министерството за финансии работи на тоа да бидат обезбедени сретствата во следниот период“, вели Ѓорѓиевски и објаснува дека рокот за враќање на парите откако ќе стигне официјалното известување е од 30 до 45 дена.
За ТВ 24 тој изјавил дека за околу месец и пол би требало да се вратат 2,2 милиони евра кои Европската комисија преку програмата ОЛАФ ги побарува од владата поради проневерни фондови од програмата Еразмус.
Така доаѓаме до поента на д-р Чибишев: едни краделе, а сите ќе враќаме, додека крадците ќе уживаат во украденото.