Андон ЧИБИШЕВ
Пациентите биле виновни што била толку висока смртноста. Не доаѓале на време на преглед, се лекувале сами дома, не се вакцинирале.
Да се намало ни срам, ни перде.
Кога сите сериозни и организирани држави трчаа и набавуваа вакцини, вие непрокопсани, експериментиравте со сомнителни фирми и чекавте кој ќе даде повеќе. Вакциниравте со донирани вакцини или граѓаните сами се снаоѓаа и одеа во Србија да се вакцинираат на свој трошок.
Дали во овие 18 месеци изградивте или оспособивте здравствен капацитет во кој ќе се лекуваат Ковид пациенти или спиевте на тоа уво дека пурпен болниците и шаторите од Норвешка ќе завршат работа?
Дали дефиниравте унифицирани протоколи за лекување на Ковид пациенти или секој си лечи како ќе наложи ситуацијата?
Дали обезбедивте бесплатни ковид тестови за побрзо тестирање и дијагностицирање на болеста или лото добивка е да добиеш термин за тестирање и плус сам треба да си го платиш.
Замолчете, немате право да обвинувате.