Осум ученици и класната се позитивни на коронавирус во основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Карпош. Според епидемиолошката процена од утре сите 25 ученици од класот ќе следат онлајн настава, дознава „Република“.

Триесет проценти од учениците во одделението се позитивни. Нема простор да се размислува кој ќе оди во изолација, а кој ќе следи физичка настава, вели изворот на Република.

Станува збор за одделение од повисоките класови, кои имаат контакт со повеќе професори.

Министерката за образование Мла Царовска секојдневно е на мета и на родителите, учениците и наставниците, но и на политичките партии од опозицијата. Тие се сомневаат дека бројот на заразени деца од КОВИД-19 се зголемува, Царовска ја прикрива реалната бројка и како Филипче вели се е под контрола.