Бизнис центарот Соравиа до ГТЦ, во строгиот центар на Скопје, го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана, објави порталот МКД.

Како што тврди порталот, кој дознава од свои извори, дека една од двете компании кои се дел од оваа зделка всушност е фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, лидерот на владејачката ДУИ.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на Тор индустрис ДООЕЛ Скопје и албанската компанија Пе-вла-ку ШПК.

Целиот текст за оваа зделка може да го отворите ТУКА.