Граѓанската активистка Мери Николова, која важеше за една од најголемите поддржувачи на СДСМ и Шарената Револуција, објави разговори во приватна порака водени со револтиран граѓанин на социјалната мрежа Facebook.
Очигледна е разочараноста во редовите на владејачката партија по низата вработувања, кои според членовите на СДСМ не се направени според заслугите на сега вработените. Нивните заложби за СДСМ за изборите не вродиле со плод. На работните места кои им биле ветувани, се вработиле луѓе блиску до раководствата на партијата. Имено, овде станува збор за вработување на сопругата на претседателот на ОО СДСМ на ветеното место кое било предвидено за разочараниот член на СДСМ кој ги пишува пораките.
На ова Николова одговорила дека имаат свои профили и таму да се жалат, или евентуално да му пишат на Премиерот.