Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, во емисијата „Само вистина“ го повика координаторот на пратеничката група на СДСМ, Драган Тунтев, да наброи барем еден проект кој го има остварено владата на СДСМ за една година.

-Набројте ми еден проект за оваа година кој што го направите освен што игравте чочек во тунелот на автопатот Демир Капија, рече Данев.

Откако Тунтев неколку пати не одговори на прашањето на Данев кое патем му беше поставено и од водителката на емисијата, Данев констатираше дека Тунтев не одговара на прашањето бидејќи СДСМ нема остварено ниту еден проект.

Данев истакна дека владата на СДСМ нема капацитет да работи и да ги заврши проектите на ВМРО-ДПМНЕ, па бара алиби и се навраќа на работењето на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека на граѓаните им е преку глава од правдање на оваа влада и веќе една година чекаат СДСМ да оствари еден проект.

-СДСМ бара алиби за нивното не работење. За нивната неажурност и за нивната неактивност. Сите овие проблеми кои се појавуваат кога се прават огромни проекти како што се овие автопатишта и на такви терени како што се гради овој автопат од Кичево- Охрид се нормални и изведувачот заедно со оние кои го инвестираат проектот треба на лице место и секојдневно да ги решаваат. Тоа што оваа влада особено министерствата немаат капацитет овие проекти да ги довршат и да го забрзаат нивното довршување тоа е нивен проблем. Алибито ВМРО-ДПМНЕ така правело онака правело, овие граѓани, ги слушаат веќе година дена и веќе им е преку глава и ќе ги чекаат првите проекти на СДСМ кои што верувам како граѓанин на РМ ќе помине долго време за да ги дочекаме.