Фудбалската федерација на Македонија ја извести јавноста дека во текот на денот пристигнаа дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор бараат закажување на итна седница.

„Согласно статутот на ФФМ, претсетателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно“, се вели во соопштението на федерација,

Федерацијата наговести дека јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања.