Поклониците при поклоничкото патување во ноември на островот Егина, во манастирот на Свети Некатрие Егински, кои се затекнале пред неговите мошти, биле сведоци на несекојдневна појава- иконата на светецот ги отворила очите. Ваква вест од Грција ни пристигнува речиси секоја година во овој период, поточно кон крајот на ноември, кога се празнува овој светител. Тој важи за заштитник на болните од рак. И постојат сведоштва на болни од рак, кои сведочат дека се излечиле крај моштите на светецот. Последен таков случај беше сведоштвото на Елизабета од Тетово.

Дел од верниците кои присуствувале на моментот кога иконата на светецот ги отвора очите, ја снимиле оваа чудесна појава со видео камера. Во прилог е видеото од 2016 година, на кое јасно се гледа како светителот Свети Некатрие Егински, ги отвори очите.