По повеќе од две години поминати во кома се разбуди фудбалерот на Ајакс, Абделах Нури.
Нури, како што објави порталот Екипа, се разбуди од кома по повеќе од два години, откако колабираше на терен за време на натпревар. Талентираниот фудбалер на Ајакс се онесвести за време на пријателскиот меч со Вердер одигран на 8 јули 2017 година.
Тој оттогаш беше во кома, а две години, осум месеци и деветнаесет дена подоцна конечно се разбуди.
Тој се здоби со трајни повреди на мозокот, но според последните информации тој може да јаде, но и да комуницира со околината со користење на знаци.
– Се грижиме за него, сите даваме се од себе. Се обидуваме да се адаптираме, што поголем дел од работата да завршиме ние самите како најблиско семејство, изјави таткото на Апи, Мохамед Нури.