Двократниот олимписки шампион во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронавирусот.

Претходно, Шифрин, на аукција изложи неколку парчиња облека и чаши.

Според неа, купувачите биле многу активни, така што на секои неколку дена таа ќе продава нешто друго.

За потсетување, најголемиот број спортски настани се прекинати низ целиот свет поради пандемијата.