Во циклонот Мичаунг, кој ја погоди јужната индиска држава Тамил Наду, загинаа најмалку 14 луѓе. Поради циклонот затворени се фабрики, а некои училишта се претворени во привремени засолништа.
Поширокот подрачје на градот Ченаи е дом на индиските филијали на неколку светски компании, вклучувајќи ги Хјундаи, Дејмлер и тајвански доставувачи за Епл, Фокскон и Пегатрон. Додека многу од нив, вклучително Фокскон и Пегатрон, продолжија со работа во рок од два дена, некои погони на TVS Group лоцирани во најтешко погодените области допрва треба да се отворат.
Индискиот министер за одбрана Рајнат Синг го посети Ченаи и најави дека владата ќе издвои 4,5 милијарди рупии (54 милиони долари) за реконструкција по штетите предизвикани во земјата.
Федералната влада дополнително одобри проект за контрола на поплавите од 5,6 милијарди рупии (67 милиони долари).
Експертите, пак, сметаат дека подобрениот систем за одводнување на водата не би можел да ги спречи поплавите предизвикани од обилните дождови.
фото: ЕПА