Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчка телевизија, одговарајќи му на новинарско прашање на уредникот на Катимерини вели дека со овој договор Грција ништо не губи, туку само добива.
-Ставајќи ја придавката Северна пред Македонија добиваме повеќе од колку до сега кога придавката „поранешна“ се однесуваше на Југославија, а не на Македонија. Ние сепак ја нарекувавме Македонија. Овој договор ни дава повеќе од тоа, многумина не обвинуваат дека тргуваме со името, но јас не гледам дека со овој договор ние нешто даваме. Имаме само да земеме, вели Ципрас.
Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.
-Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.
Новинарот го праша и како ќе не викаат другите држави, а Ципрас на тоа вели:
-Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сега ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.