Тотална војна против Ципрас-Заев договорот е објавен од страна на грчката опозициска партија Нова демократија, пишува „То вима“ денес.

А, војната е почната и со вклучување на „германско оружје“, поточно фалсификуван напис во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, тврдат од НД, во кој се пишува дека лидерот Киријакос Мицотакис се согласил дека кога ќе биде премиер ќе го прифати новото име на Македонија, а сега практично глуми опозијцја за да го придобие десниот блок партии.

„Крајно интересно, но и индикативно е за паниката која ја зафатила Владата која комплетно ги прифаќа зборовите во текстот на германскиот весник кој проценува дека Киријакос Мицотакис ќе биде идниот премиер“, велат од НД, истакнувајќи дека написот е фалсификат од првиот до последниот збор.

Притоа додаваат дека за разлика од Ципрас, Мицотакис тоа што го зборува во земјата го кажува и надвор.

Што му останува сега на Мицотакис откако ги истроши сите средства да го спречи потпишувањето на договорото? Едно е секако да добие поголема поддршка во парламентот. Прашање – дали Димитрис Каменос, исклучениот од АНЕЛ, на министерот Панос Каменос ќе игра во иднина некаква улога. Одговорот е – во моментов нема комуникација со него, што не значи дека во скора иднина ќе ја има.

Но, расте незадоволството во АНЕЛ, а Магдалена Пападополо од таа партја вели дека прикажувајќи го Ципрас во „Ди велт“ како проевропски политичар, е само една куса шега.

Заклучокот е дека, кон крајот на годината договорот ќе дојде во парламентот за ратификација, а до тогаш Мицотакис нема да седи мирен.