Скопје и Атина постигнаа договор за новото име на Македонија, а текстот е „добар” и ги исполнува грчките интереси. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во телевизиското обраќање по средбата со претседателот Прокопис Павлопулос.
По вториот разговор со неговиот македонски колега Зоран Заев во изминатите 24 часа, Ципрас рече дека постигнатиот договор предвидува Македонија да го смени своето име „по уставен пат”.
-Имаме договор, јас сум среќен, бидејќи имаме добра зделка и ги исполнува сите грчки услови, рече грчкиот премиер.
Според Ципрас, документот ќе биде поднесен за ратификација во парламентот ако македонската страна „го исполни својот дел” од договорот.
Доколку парламентите во Атина и Скопје го одобрат текстот, тој ќе стави крај на тридеценискиот спор околу името Македонија, што го блокираше патот на земјата кон Европската унија и НАТО во изминатите 10 години. Договорот, сепак, пред објавувањето, се соочува со отпорот на Панос Каменос, министер за одбрана и лидер на коалициониот партнер на Ципрас, Независни Грци, кој ја отфрла употребата на терминот „Македонија” како дел од името.
Грчкиот премиер не прецизираше кое е решението за спорот, а македонскиот премиер потврди дека Северна Македонија.