Што наскоро во Преспа ќе потпишат македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот колега Алексис Ципрас? Ви ги пренесуваме сите точки од договореното претставени од Ципрас вчера во Атина.
Клучно е што македонската страна ги прифатила сите главни грчки барања, македонската држава е деноминирана, а тоа ќе има последици и врз секој граѓанин, илјадници семејства, но и под диктат на Атина се менува вековната македонска историја.
“Со завршувањето на преговорите постигнуваме спогодба со ПЈРМ, Грција си ја враќа својата историја, историјата на древна Македонја, која порано ја присвои владата на соседната земја“, објасни Цишрас.
Што се добива со Спогодбата?
1.Спогодбата во целост одговара на националната линија за сложено име (на Македонија) со географска одедница за севкупна употреба (во сите прилики и за сите потреби);
2.Прифаќањњто на „ерга омнес“ е голема победа за Грција, затоа што во минатото не беше прифатетно ни како основа за дискусија. Тоа значи дека нашите соседи не само што договореното име ќе го користат во своите меѓународни односи, во меѓународните организации, на меѓународни форуми, туку и внатре во земјата;
3.Името „Република Северна Македонија“, кое во ншата земја ќе биде признато како „Северна Македонија“ (без превод) става точка на иредентизмот кој се подразбираше со името „Република Македонија“;
4.Нашиот сосед треба веднаш да пристпи кон уставни промени;
5.Уставната ревизија е голема победа за Грција затоа што не беше опфатена со нацоналната линија која беше утврдена во последните 20 години од владите на ПАСОК и на Нова демократија. Никогаш порано немаше согласност Република Македонија да го смени Уставот;
6.Спогодбата и овозможува на Грција да пристапи кон ратификација дури по завршувањето на уставната ревизија. Повикот да се приклучи кон НАТО и ЕУ ќе биде отворен по ратификацијата во Собранието (на Македонија), додека нејзиното членство ќе биде по уставната ревизија;
7.Со оваа ја враќаме нашата историја, симболите и нашата традиција, затоа што со Спогодбата нашиот сосед изричито прифаќа раздвојување на грчките Македонци и нивните антички грчки култура, јазик и регионот во кој живеат од народот на таа земја и неговата историја, јазичните и културните карактеристики;
Името ќе биде ргистрирано во македонскиот Устав со неопходна уставна ревизија. Истовремено повеќе од 140 земји која земјата ја признаваат под „Македонија“ ќе ја признаат како „Северна Македонија“;
9.Името целосно ја одвојува таа земја од грчка Македонја и нејзините три региони (источна, централна и западна);
Крајот на иредентизмот се потврдува на најофицијален начин затоа што е експлицитно загарантирано и недвосмилено дека ќе го елиминираат, спречуваат и искоренуваат секоја вид иредентисчка реторика и активности, било да се јавни или на приватни тела;
Обезбедено е да се избришат сите иредентистички референци од Уставот на соседот. На пример, а) ќе биде заменет членот за поддршка на нивната дијаспора со доследно пренесување на соодветните поглавја во грчкиот Устав. Во тој контекст ќе бидат отсранети референците за заштита на „македонското малцинство“ во соседните земји; б) ќе биде заменет членот за заштита на границите така што ќе бидат исклучени било какви наводи; в) ќе бидат остранети дури и сите индиректни историски референци од преамбулата на Уставот;
Во Спогодбата се утврдува дека државјанството во Северна Македонија ќе биде ‘Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia’. Грција ќе признае „државјанство на граѓаните на Северна Македонја“. Се забележува дека терминот „државјанство“ се разликува од етничка припадност. Соодветно на тоа, Спогодбата не признаватермин националност, туку право на самоопределување на граѓани на соседната земја.
Нашите соседи веќе го променија називот на аеродоромот, на автопатот и на стадионот. Ќе има или размена на статуи со општината Солун, или ако не дојде до размена, Договорот предвидува соседната земја да стави табли на статуи и на споменици за да биде јасно дека се тоа симболи на грчка култура (на пр. Коњаникот во Скопје ќе има натпис дека е од хеленистички период и со напомена дека го симболизира пријателството меѓу Грција и БЈРМ);
Иако јазикот како „македонски“ е признат од Грција под покровителство на ОН уште од 1977г. Спогодбата содржи дополнителна формулација која јасно содржи дека е тоа јазик од семејството јужнословенсјки јазици со јасен опис со кој тој јазик се одвојува од грчката култура и од грчко-македонското јазично наследство;
15.Сите епитети на државни и пошироките јавни институции, као и иселенички/културни организации финансирани од држават ќе се одредуваат со терминот „Северна Македонија“ со истовремено отстранување на терминот „Македонија“;
16.Се формира работна група на експерти кја ќе се занимава со прашања на трговската заштитни ознаки од 2019г. Во рок од три години;
Член 7 од Договорот
1.Страните признаваат дека нивното разбирање на двете страни дека термините „Македонија“ и „Македонски/Македонец“ се однесуваат на различни историски контексти и културни наследство.
2.На првата страна тие термини и значат не само подрачје и населние на северниот регион на првата страна, и нивни карактеристики, туку и грчка култура, историја, културно наследство на тој регион од антиката до денес.
Што се однесува до Втората страна, тие термини поздразбирфаат територија, јазик, население и кјарактеристики на нејзината историја, култура и наследство кои се разликуваат од тие во членот 7(2).
Втората страна напоменува дека нејзин служебн јазик, макдонски јазик, припаѓа на групата словенски јазици. Двете страни забележуваат дека служебниот јазик и другите карактеристики на Втората страна не се во врска со древната грчка култура, историја, културни наследство на северното подрачје на Првата страна.
Ништо во овој Договор нема за цел на кој било начин да се потцени или измени или влијае на граѓаните на која било страна.