Грчкиот премиер Алексис Ципрас, после средбата со Тереза Меј, изјавил дека од Лондон побарал на Грција да и се врати „мермерот од Партенон“.
Притоа прецизирал дека Атина ги бара скулптурите кои на почетокот од 19 век незаконито ги однел тогашниот британски амбасадор во Цариград, лордот Елгин.
Ципрас е во тродневна посета на Британија, а по првиот разговор со Меј дополнително укажал:
„Со британската премиерка покренав прашање кое е исклучително важно за Грција и грчкиот народ. Тоа за нас е прашање од највисоко значење. Мермерот од Партенон му припаѓа на светското културно наследство, но неговото природно место е самиот Партенон. Тоа е место каде скулптурите се создадени и каде биле.“
Елгин цели десет години, од 1802 до 1812 година изнесувал грчко уметничко богатство во Британија.
Во британските музеи се наоѓаат метопи и статуи од Партнеон, стаута на Дионис, релјефниот фриз на Панатинската процесија итн.
Грците тврдат дека амбасадорот до богатството доаѓал со поткуп, иако турските фермани дозволувале да се прават само скици калупи за скулптури и слично. Тие сакаат да го вратат изгледот на Партенон така како што бил пред доаѓањето на Елгин