Циркусот на власта со пасошите продолжува со пречеци на обрасците и церемонии на граница.

Во ковид-кризата вакцините беа пречекувани од Србија на граничниот премин Табановце, а синоќа обрасците за пасоши беа пречекани од Грција, поради која се менуваат, на граничниот премин Богородица.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев синоќа на Богородица лично ја пречека пратката од 140.000 обрасци за пасоши, со полициска церемонија и рапортирања.

Граѓаните со потсмев на социјалните мрежи го пречекаа циркусот на Бојмацалиев и власта.

„Монти Пајтон може да ни носи вода. Отишол да пречека пасоши. И вика добредојдовте во Македонија пасоши наши. Ние сме лудаци“, гласи еден од коментарите.

„А црвена лента да се пресече на свеченото отворање на кутиите“, гласи друг коментар.

„Со која песна ги пречекале?!“, на подбишега прашува трет.

На социјалните мрежи има безброј слични коментари.

Власта откако заглави повеќе од 650.000 граѓани да не можат да излезат од границите на Македонија, сега прави предизборен маркетинг и циркуси со обрасците што пристигнуваат и кои пак нема да ги задоволат потребите.