СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(31) од Охрид и против С.Ѓ.(23) од село Велестово, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.05.2018 година околу 19.20 часот на улица ,,Радојца Новичиќ” во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Ј.Н. при што пронашле и одзеле кеса со марихуана. После тоа, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.Н. каде што биле пронајдени и одземени 204 грама марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(43) од село Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,измама при добивање кредит или друга погодност” и против С.И.(59) од Охрид поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”.

Во периодот од 01.07.2016 до 21.07.2016 година пријавените изготвиле лажен договор за купопродажба на патничко возило помеѓу првопријавениот како купувач и второпријавениот како продавач. Потоа, на 21.07.2016 година, првопријавениот го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило во Бирото за метеорологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

На 09.08.2016 година прво и второпријавениот изготвиле нов лажен договор за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот како продавач и второпријавениот како купувач, по што второпријавениот во Отсекот за управни работи – Охрид наведените договори ги доставил во прилог на барањето за регистрација на возилото.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(39) од село Подгорци, струшко и Г.К.(47) од село Пештани, охридско, полициски службеници во Полициската станица Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,малтретирање во вршење на службата”  и  „тешка телесна повреда”.

На 21.07.2018 година околу 04.00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него. Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда.

Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

На 22.11.2018 година во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден во 20.20 часот во аптека на улица „Метрополит Теодосиј Гологанов“ непознат сторител извршил разбојништво и од вработената одзел 14.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.