На подрачјето на Тетово и Гостивар викендот е спроведена собраќајна акциска контрола за санкционирање на управување на возило под дејство на алкохол, а со која вкупно опфатени биле 104 возачи од кои 70 во Тетово и 34 во Гостивар.
Девет од нив (седум во Тетово и двајца во Гостивар) било утврдено дека ги управувале возилата под дејство на алкохол и веднаш им се изготвени мандатни платни налози. Во акциската контрола, исто така, откриени се и 19 други видови прекршоци ( 13 во Тетово и 6 во Гостивар), најмногу управување без возачка дозвола ( 6 во Тетово и 3 во Гостивар), истечена регистрација ( 5 во Тетово и 3 во Гостивар) и така натаму. И овие прекршоци се санкционирани, односно заокружени се со законски предвидените поднесоци.
СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.
На 29 декември лани на улицата „Григор Прличев“ во Штип полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
За време на викендот во периодот од 23 -04 часот, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Од извршената контрола (147) кај 18 возачи е утврдено присуство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Откриени се и 20 останати прекршоци, истите се санкционирани.
Во текот на изминатот викенд, на подрачјето на СВР Охрид беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 179 возила ( Охрид-38, Струга-43, Кичево-48 и Дебар-50).
Кај 10 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-2, Струга-1, Кичево-4 и Дебар-3). Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место. По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 20 мандатни платни налози (Охрид-2, Струга-12, Кичево-4 и Дебар-2), како и вкупно 13 барања за поведување прекршочна постапка (Охрид-2, Струга-4, Кичево-4 и Дебар-3).
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(46) од селото Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 11.3.2018 година во Тетово, во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор –Тетово“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На јануари во аптека на улицата „Маршал Тито“ во Штип, пријавениот извршил разбојништво над вработениот и одзел пари и лекови.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ф.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против А.П.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „помагање“ во врска со „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“.
Првопријавениот изготвил лажен договор за купопродажба на патничко возило „фолксваген пасат“ меѓу Р.С. како продавач и второпријавениот како купувач. Потоа, првопријавениот го употребил ваквиот договор, во постапката за царинење на наведеното возило, додека второпријавениот го употребил ваквиот договор, во постапка идентификација на наведеното возило во Бирото за метeoрологија при Министерството за економија со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(27) од селото Коњско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „загрозување на сигурноста” и против Ѓ.В.(34) од село Долно Коњско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
На 30 декември во 03:30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид пријавените физички нападнале полициски службеник.
На 26.01.2019 година околу 15 часот, А.В.(36) од Скопје пријавила дека на улицата „Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.
На А.В. и е укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза” од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р. (29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К. К. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„злоупотреба на службената положба”.
На 27.05.2016 година првопријавениот изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „рено меган” меѓу И.С. како продавач и Д.А. како купувач по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило во Бирото за метeoрологија при Министерството за економија со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.
Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило. По ова, второпријавенииот, ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.
Вчера во 03:30 часот во СВР Битола, М.Т.(61) од Битола пријавил дека околу 00:30 часот во кабаре на градско шеталиште во Битола, И.М., К.М., П.Ј. и уште едно лице, кои биле гости во кабарето, непристојно се однесувале и започнале да го кршат инвентарот и да му упатуваат закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(38) и Ш.Н.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 28.12.2018 година околу 14:40 часот на улицата „Сутјеска“ во Штип пријавените физички нападнале полициски службеник.
Вчера околу 22:50 часот во СВР Битола било пријавено дека во селото Могила, две непознати лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница и одзеле пари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.