Сообраќајната несреќа се случи на излезот од Гостивар кон Кичево кога се судрија автомобил марка „фолксваген пасат“ и минибус.

Според првичните информации повредени лица има, но засега не е познат бројот на повредени и видот на повредите.

Сообраќајката се случи околу 14 часот, а во прекин е и сообраќајот на патот Гостивар-Кичево. Во тек е увид.