Скопје, 24 декември 2018 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Д.О.(33) и О.Е.(20), двајцата од Битола за сторени две кривични дела „тешка кражба”.
На 13 мај годинава во продавницата на улица „Битолска” до Демир Хисар, пријавените, со употреба на подесен алат делувале на влезната врата, влегле внатре и одзеле поголема количина цигари, ваучери за мобилен телефон, персонален компјутер и други предмети. Исто така, на 07.06.2018 година околу 1:00 часот во продавницата во село Сопотница пријавените, на идентичен начи влегле внатре и одзеле персонален компјутер, пари, поголема количина на цигари и батериска ламба. Со извршените кражби пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 295.000 денари.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б.(26) од Охрид за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 30.10.2018 година пријавената, поранешна вработена во фолклорно друштво од Охрид, неовластено пристапила на веб-страницата сопственост на фолклорното друштво, и избришала податоци по што ја променила лозинката на електронската адресата.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово викендов, ноќта помеѓу сабота и недела, спровеле акциска контрола за алкохол, со која вкупно биле опфатени 121 возач. При контролата на тетовското подрачје откриени се 17 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се мандатни платни налози.
Покрај тоа, откриени се и 13 други видови прекршоци. Во Гостивар бројот на алкохолиизирани возачи изнесувал пет. Во акцијата, исто така, откриени се и седум други прекршоци.
Полициски службеник вчера околу 20:10 часот додека преземал мерки поради случена сообраќајна незгода на влез во Битола, кај место викано „Дулија“, физички бил нападнат од учесникот во незгодата Б.Р.(40) од Битола.
Б.Р. е приведен во полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
И.Џ.(49) од Скопје синоќа околу 2:50 часот пријавил дека околу 2:40 часот додека го управувал своето такси возило, патникот Т.Д.(52) од Скопје кој бил во алкохолизирана состојба најпрвин вербално а потоа и физички го нападнал.
По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок против Т.Д..
Утринава во 4:30 часот било пријавено дека пред угостителскиот објект на улица „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ј.(21) и З.К.(46) од една страна и Б.Т.(37) и Т.Т.(27) сите од Скопје од друга страна.
По преземени мерки поднесени се соодветни поднесоци.
Вчера околоу 14:00 часот кај место викано „Кале“ во атар на село Бањица, велешко, пријавено е дека по завршување на ловот, движејќи се во група Д.Н.(60) од населба Чашка, во еден момент испукал со ловната пушка во десната нога на С.Д,(54) од Велес.
На повредениот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Љ.С.(57) од населбата Долно Коњско, вчера во СВР Охрид за исчезната ја пријаваи Н.С.(85) од Горно Коњско.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
С.С.(60) од Скопје синоќа во 0:15 часот пријавил дека на 23.12.2018 година во 19:00 часот во холот на Транспортен Центар – Скопје, бил физички нападнат од страна на едно лице кое го познавал.
Пријавителот потоа се упатил во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Д.А.(46) од Скопје вчера во 2:20 часот пријавил дека дента околу 00:15 часот на паркинг пред угостителски објект на улица „Народен Фронт“ во Скопје бил физички нападнат од страна на Г.Ј.(46) од Скопје.
По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.
Машко лице вчера околу 19:20 часот извршило разбојништво над вработената во казино на булевар „Јане Сандански“ во Скопје при што и одзело 13.400 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот
А.А.(25) од Скопје вчера во 5:30 часот пријавила дека околу 4:50 часот во ноќен клуб на булевар „Партизански одреди“ во Скопје била физички нападната од страна на Н.Н.(26) од Скопје.
По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.