На 16.03.2019 околу 18.00 часот на улица „Зија Мерсовски“ во Дебар, патничко возило „Голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар удрило во седумгодишно момче од Дебар. Детето било пренесено во општата болница во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

На 16.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Н.Т.(44) од пријавила дека истиот ден во 09.30 часот на улица „Киро Крстевски Платник“ нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.03.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(47) од Скопје пријавила дека на 15.03.2019 во 22.00 часот во угостителски објект на улица „Костурски Херои“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, што ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.03.2019 во 22.50 часот во Полициската станица Центар, Е.Б.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.20 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.03.2019 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на ул. Галичица Е.М.(32) од Скопје физички го нападнал Б.Р.(26) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 17.03.2019 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.