На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера во 08:30 часот товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б.,  кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Вчера околу 21:45 часот на крстосницата од  улиците „Борис  Трајковски“ и  „Трајко  Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Возачот Д.П. и В.П.(42)  од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во 17:00 часот во Полициската станица Гостивар, врз основа распишана потерница од Казнено поправната установа – Затвор Идризово, било  приведено лицето Л.Ф.(56) од село Форино, со живеалиште во Гостивар. Лицето е предадено на Казнено поправната установа – Затвор Идризово.

Вчера во 14:30 часот во село Сопиште полициски службеници пронашле 17-годишен штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, кој беше пријавен за исчезнат на 17.01.2019 година. Во 15:30 часот момчето било предадено на воспитувач од домот.

Утрово во 05:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Димо Хаџи Димов“ настанал пожар во куќа сопственост на Л.К.(84), при што била опожарена една соба од првиот кат. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран, а повредени лица нема.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Д.(57) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 14.01.2013 година до 20.11.2017 година пријавениот, како директор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“- Кратово, не објавил јавен оглас и не постапувал во согласност со Законот за јавни набавки, при што без склучување на соодветен договор за училиштето набавувал стоки, производи и изведувал градежни работи и монтажа од ист вид со поголем број на правни лица. Исто така, без објавување на јавен оглас склучил два договори со физички лица за извршување на градежни работи. Со наведените дејствија била причинета материјална штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 1.289.737 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, „употреба на исправа со невистинита содржина” и  „измама при добивање кредит или друга погодност”. Во јуни 2016 година пријавената изготвила фалсификуван купопродажен договор за патничко возило „Мерцедес“ наведувајќи дека во 2015 година возилото било купено од Република Италија од лице од Делчево, како повратник од странство, иако таа го купила возилото од правно лице од Република Бугарија. Ваквиот договор пријавената го употребила како вистински пред Бирото за метеорологија-Скопје и со поволни услови го регистрирала во Република Македонија.

Вчера околу 17:15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во угостителски објект на улица „Димитар Влахов“ во Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи, лицето Д.С.(40) од Кочани со пиштол пукал кон лицето Д.З.(35) од Кочани и го погодил во десната страна од стомакот и десната подлактица. Д.З. бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.