Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.12.2018 година во периодот од 00:00 до 05:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 209 возачи, а кај 38 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки . Исклучени се 38 возачи од сообраќај,издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци.
На локалниот пат село Падалиште-Гостивар вчера околу 13:00 часот се случила сообраќајна незгода во која А.Б (21) од село Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23) двајцата од село Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.
Синоќа во 19:40 часот на крстосница од ул.„2-ра Македонска бригада“ и ул.„Методија Митевски“, се случила сообаќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Џ (45) од Скопје и патничко моторно возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот Б.Д (27).
Со повреди се задобиле сопатниците во возилото ,,Рено “ А.Б (30) од Скопје, Е.С (33) од Скопје, како и патникот во возилото „Фолксваген голф“ Е.Ш (24) од Скопје, кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Синоќа вo 20 часот на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„ 362“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје.
Возачот со возилото го напуштил местото на настанот. По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.