На 16.02.2019 година во времето од 08,30 до 09,30 часот врз основа на наредба од Основен суд Велес извршен е претрес во домот на А.М.(34) од Неготино, при што се пронајдени марихуана и хероин. Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.02.2019 година околу 01.10 часот во село Жилче, тетовско при контрола на собраќај било сопрено патничко моторно возило „Мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.(22) од Тетово а како сопатници во возилото биле К.С.(24) и Е.Н.(27), двајцата од село Слатино. При преглед во возилото пронајдена е марихуана. Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2019 во 00,15 часот во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки. По преземени мерки во 00,30 часот во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес. Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
На 17.02.2019 година во 02,30 часот Н.Д.(25) од Куманово пријавил дека околу 02,15 часот во ноќен клуб на улица „Иво Лола Рибар” во Куманово бил физички нападнат од П.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.02.2019 околу 04,00 часот во Велес на улица „Алексо Демниевски“ И.Д.(21) од Куманово по сторен сообраќаен прекршок агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник. Лицето е приведено во Полициска станица Велес и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2019 околу 20,30 часот кај наплатна рампа Градско, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Форд Галакси“ во кое имало мигранти, по што пред Неготино, возачот го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 мигранти од Сирија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
На 17.02.2019г во 02.15 часот пред угостителски објект на улица „Маршал Тито” во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир од страна на М.Ј.(22) од Тетово и З.З.(52) од село Фалиште. Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2019 година околу 14,50 часот во село Радање, Општина Карбинци поради нарушени фамилијарни односи настанала вербална расправија а потоа и физичка пресметка помеѓу браќата М.М.(36) од село Радање и Ќ.М.(34) од село Ебеплија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2019 година во 07,30 часот С.А.(28) и М.Н.(28) двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 05,30 часот пред угостителски објект на улица „Анастас Митрев” во Скопје, биле физички нападнати од страна на три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.02.2019 година во 17,25 часот С.А.(39) од Скопје пријавил дека околу 16,50 часот во автобус на ЈСП број 50 додека вршел контрола на билети заедно со неговиот колега Б.Ј. му побарале билет на Т.П. кој физички ги нападнал контролорите. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2019 година околу 11.30 часот пријавено е дека М.Љ.(40) од Гостивар во атар на село Дебреше бил нападнат од куче скитник и при обид да избега паднал и се повредил. Укажана му е лекарска помош во Медицински центар Гостивар.