По вчерашниот избор на Гордана Силјановска како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на државата, денеска низ центарот на Охрид беа снимени сегашниот претседател Ѓорги Иванов, идниот, според аспирациите на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Вчера, по изборот, Силјановска истакна дека влегува во борба со „Заевизмот“ како психолошка матрица која треба да се победи.