На 22.03.2019 година во 23,20 часот во Полициската станица Центар З.Г.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17,20 часот на улицата “Пролет“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 22.03.2019 година во 16,00 часот во Полициската станица Центар В.В.(81) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје, 23 март 2019 (МИА) – На 22.03.2019 година околу 11,40 часот било пријавено дека на местото викано “Дворишка река“ атар на с.Двориште-беровско, настанал пожар, кој зафатил ниско стеблеста шума и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 22.03.2019 година во 19,45 часот, Б.А. пријавил дека над с.Љуботен-скопско настанал пожар, при што гореле дрвја и околу три хектари сува трева. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита и локалните жители пожарот бил изгаснат.

На 22.03.2019 година во 19,30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека настанал пожар во с.Скудриње на место викано “Вејзина нива“ при што горело ниско стеблеста шума и дрвја. Пожарот бил локализиран од страна на Противпожарна единица-Дебар во содејство со вработени од Национален Парк -Маврово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 23.03.2019 година во времето од 00,00 до 04,00 часот во угостителски објект во с.Желино–тетовско, при извршена акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово биле затекнати Б.М.(21), К.О.(20) и Б.Р.(21), сите од Албанија, кои биле без содветни документи. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П.(26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 09.02.2018 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Е.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“. На 30.12.2018 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.