Во текот на минатиот викенд во Чикаго, третиот по големина град во САД, убиени се најмалку 11 лица а ранети се 70, соопштила тамошната полиција.
Најмногу жртви имало во неделата, наведува АП, напоменувајќи дека во една престрелка на јужната страна на градот повредени се осум лица.
Градоначалникот на Чикаго, Рама Емануел, рекол дека луѓето изразиле волја да ги именуваат осомничените. Тој истакнал дека често се знае кој е одговорен за пукањето, но се нема волја информацијата да се сподели со полицијата.
Полицијата додала дека станува збор за пресметки меѓу банди.
Во рок од 14 часа убиени се пет, а ранети 14 лица.
Неславниот рекорд забележан е во периодот од полноќ до 14 часот.
„Чикаго имаше насилна ноќ. Некои од тие случаи се поврзани со одредени банди и нивните пресметки“, рекол шефот на патролното одделение Фред Валер за Си-Ен-Ен.
Како што навел, за само три часа ранаети се 30 лица, додек две се убиени. Рането е и дете од 11 години.
Сепак, според Валер, во однос на 2017 година бројот на инциденти со оружје е помал за 30 отсто, додека бројот на убиства е помал за една четвртина.