Грчкото МНР го пивика денес рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов, за ду му врачи протест на одлуката на Москва да протера грчки дипломати како одговор на сличниот потег на Грција од пред еден месец.

Руското МНР соопшти дека го повикала на разговори грчкиот амбасадор, Андреас Фриганас, кому му е врачена дипломатска нота во која се информира за „реципрочните мерки превземени од руската страна“. Во соопштението не се наведува кои дипломати се протеруваат и кога тоа ќе се случи.

На почетокот на минатиот месец Грција донесе одлука да протера двајца руски дипломати, а на уште двајца им забрани влез во земјата затоа што, како што тврди Атина, тие се мешале во внатрешни прашања, се обидувале да поткупуваат политичари и предизвикуѕвале демонстрации за да се спречи потпишување на Договорот од Преспа.

Дипломатски извори, пак, наведуваат дека Атина потегот на Москва го опишала како „асиметричен“, притоа истакнувајќи дека одлуката на Грција била донесена со проценка на руските активности. Истите извори наведуваат дека Атина размислува за контраодговор.

Според Катимерини, покрај двајца претставници од грчката амбасада, Русија под санкции го ставила и Гиоргиос Сакелариу, политичкиот директор во кабинетот на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој исто така треба да ја напушти Москва.