На 140 пунктови денеска во Црна Гора почнува масовна имунизација на населението против Ковид-19 со кинеската вакцина на Синофарм.
Граѓаните без закажување ќе можат да се вакцинираат.
Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ истакна дека граѓаните ќе можат да бираат која вакцина ќе ја примат.