Пратениците во црногорсккиот Парламент по повеќечасовна дебата усвоија утрово предлог резолуција на владејачкото мнозинство со која одлуките на Подгоричкото собрание од 1918 година за присоединување со Кралството Црна Гора со Кралството Србија од 1918 година се прогласуват за ништовни.

Во гласањето учествувале 61 пратеник од кои 46 биле „за“, 15 против“.

За време на дебатата министерот за правда Зоран Пажин рече дека „резолуцијата е насочена против актуелните обиди да се понижи црногорскиот државен идентитет, со злоупотреба на еден трагичен настан во црногорската историја“.

– Созреа времето во црна Гора еднаш засекогаш да се втемели црногорскиот државен идентитет. Дали на некој тоа му се допаѓа или не, целиот свет денес жителите на Црна Гора ги вика Црногорци…Време е и ние во Црна Гора со гордост да прифатиме идентитет по кој целиот свет ќе не познава, рече Пажин.

Опозицијата предложи на двенен ред да се стави и нивната резолуција „Никогаш повеќе 1916“, со која се осудува капитулација на Црна Гора, но тој предлог не беше усвоен.