Неодамна пишувавме дека летна хеленската плочка, поставена од Владата на Зоран Заев, од споменикот на Александар Македонски во Прилеп, а сега истото се случи и во Скопје.
– Конечно, полета хеленската плочка од споменикот на Александар Македонски (фонтаната Воин на коњ) на плоштадот Македонија во Скопје! Црвено-жолтиот отпор продолжува. Македонија на Македонците. Да живее Македонија, пишува во објавата на Фејсбук на страницата на Млади за Македонија.
На крајот од тесктот е хаштагот: Црвено-жолт отпор и Никогаш северна секогаш Македонија.
Како што е познато овие плочки во текот на минатиот месец ги постави Владата, повикувајќи се на обврска од Договорот со Грција, дека сите споменици од Антиката во Македонија се хеленски, односно грчки.