ПРAВНА ПОУКА
Како лојален поданик на власта, но и како совесен граѓанин, го молам Министерството за правда и неговиот прв човек кој се наоѓа на неговото чело, да ме поучат дали Александар можам да го именувам како Александар Македонски или само како Александар Северномакедонски, оти можам (не дај Боже!) во своето блажено незнаење да направам грешка, која би ги затворила сите наши патишта, вклучувајќи ги и сите наши непатишта.
Чекајќи инструкции, однапред благодарен XY53KKOKKLY.