Првиот потпретседател на Владата и министер Груби денеска учествуваше на „Women Peace Security“ во Приштина во организација на претседателството на Косово, соопшти Владата на Република Македонија.

– Во овие турбулентни времиња низ кои поминуваме сега, нашето внимание и грижа се насочени кон отворениот фронт на војната во Украина, каде што светскиот поредок е под закана. Кога се повторуваат вакви страшни настани, ние не можеме ладнокрвно да ги гледаме овие настани како гледачи. Ова е моќен повик кој бара правда, мир, слобода и крај на уништувањето, рече вицепремиерот Груби во својот говор.

Соопштението Владата го објавува на својот официјале профил на Фејсбук.