Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ за Курир.мк
ЕУРЕКА! Свикаа остроумните пиарџии на СДС и најсмејани „до уши“ појачани со блех-оркестар се упатија кон канцеларијата на подизведувачот на Заев, Венко, за да му го соопштат најновото северџанско мега-откритие. Изум кој се граничи со „откривањето“ на огнот, на тркалото. И на топлата вода, башка…
И така, ајваните кои во 2026-та година пак ја открија Америка, со солзи радосници затропаа на портата на лидерот, кој отворајќи им забезекнато и целиот збунка по навика им с’ржа: „БУГАРИ ВО УСТАВ, АМА ОДМА!“
-Не, бе, не шефе, не дојдовме за тоа, за убо сме тука, ја спасивме СДС – му свикаа во хор Јон Шмрчко, Богданка и Жерновски, целите потресени од сознанието кое ги озари нивните напатени и опортунистички души.
На Филипче му олесна, тежок камен му падна од плеќи кога сфати дека не дошле да му кажат дека дошла полиција за да го спакува и комплетче со стопанот Заев да ги однесат во зандана за некој од десетиците тешки криминали и апашлуци, па по автоматизам пак тресна „АБЕ, БУГАРИ ВО УСТАВ ДА СЕ ВНЕСАТ, ПОД ХИТНО!“
И сопартијците од ИО сфатија што му се случи на „лидерот“, па се собраа околу него и направија една „ала Трамп“ групна гушка, тешејќи го исплашеното чедо Заево.
Полека, галовно и без нагли движења му објаснија дека нашле начин како – не само да ја спасат СДС, туку и да победат на следните избори. Кога и да бидат. Венко блажено се најсмеја, очеснувачки и тешко здивна, веднаш му сврте на газдата Зоран и го вклучи на конференциска врска со засегнатиот Вице. На линија беа и поетот Ковачевски во бегство од некоја јабана и затвореникот Сокол од Шутка. Последен се вклучи Путерот, со подочњаци до колена, ненаспан од страв дека каде и да е ќе го фати мајата на Богац.
И така, целата банда збрана на едно место со душа и ко лепче го чекаше спасоносното решение на дечките кои го откриле најневозможниот рецепт за СДС, светиот грал за секој надобуден комуњар, начинот како руинираната и срозана партија да победи на претстојните избори.
Тројката им објаснила на љубопитните идни свирачи на клавир дека до спасоносното решение дошле сосема случајно при последната безобразна кражба на идеи, кога без срам и перде го украле слоганот на ВМРО, па при жива и здрава, башка владејачка коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, на ајваните им текнало да одат со програмска платформа ТВОЈА држава, ТВОЈА шанса.
Признале ќелепурите дека од стартот, биле скептици околу резултатот, да украдеш така ачик немало гаранција за успех, арно ама, резултатите биле супер. Небитно што сите кои ја отвориле на „прва“ помислиле дека се работи за коалицијата на ВМРО, па со подбив се насмејале кога сфатиле дека ова е нов арамилак на Заевци.
Битно, имало многу кликови, а Шмрчковци се палеле на тоа. Тоа да ти бил клучот на успехот, иницирачката каписла кон конечното, спасоносно решение за спас на партијата на залез која во 6-та летала кон провалијата. Неверојатно добро им годел зборот ТВОЈА од спротивниот табор, па се плакомиле и по други, туѓи работи. Лоша, децениска СДС навика…
И додека сите Заеви пајташи со отворена уста го чекале планот за спас на партијата чија пола врхушка се’ поочигледно ќе заврши во ќорка, Шмрчко по „задњата“ линија театрално го измкнал асот од ракавот и торжествено свикал:
ЌЕ СТАНЕМЕ ВМРО! Тоа е спасот за нас и за СДС, другари и другарки, ајде, сите во ред пред Белата палата на групно кинење на нашите и вадење нивни книшки. Ние од врхушката први тоа ќе го сториме, за пример на членството. По долго мозгање и „кршење глави“, сфативме, тоа е единствениот начин да победиме на избори во следниов век. Тоа е и едини начин да останеме на слобода по сите зулуми и милионски апашлуци што и’ ги сторивме на Македонија. Та нема свои партијци да затвораат, нели? Логика. Две муви со еден удар. Пак ќе бидеме победници! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее, свикале сите во хор и паднале во транс.
Зоки прв се расплакал од среќа, а по него како бапчорки зарикале и Венко, Вице и останатите гавази, кои неоти нешто разбрале, ама морале да го прават она што Црпко го прави, како и секогаш.
По трогателната сцена и тешките плачки со солзи радосници кои направиле вистинска поплава на Бихаќка, болументата во долга редица со по двајца фатени за рачиња се упатила кон седиштето на ВМРО, тешејќи се патем еден со друг дека гарант ќе ги примат. Та кој би одбил вакви фацулиња, најубави и најумни „од роѓење“, башка родени да владејат. Никој не сакал ни да ја спомне втората, поверојатната опција, дека ќе ги дигнат на клоци и испратат по дома.
И така, полна со надеж и оптимизам, партијата некогаш формално позната како СДС, го почнала спасоносниот, јунски поход…




