„Почитувани браќа и сестри, граѓани на Република Македонија,
Бидејќи во последните неколку дена временските услови се многу погодни за развој на некои видови на диви печурки Ве повикувам кога ги собирате а посебно кога ги консумирате максимално да внимавате при изборот. Голем број на диви печурки се слични помеѓу себе меѓутоа едните можат да се консумираат а други се опасни за човековото здравје и живот.
Затоа, апелирам, крајна внимателност при собирањето и употребата како храна.
Сетете се на мислата на еден мој професор:
Сите печурки се јадат, само некои повеќе пати а некои само еднаш!“

Ова е предупредувањето што го упати д-р ндон Чибишев, лекар во скопската Клиника за токсилогија преку својот ФБ профил. Да ја повториме уште еднаш од него цитираната мисла: „Сите печурки се јадат, само некои повеќе пати а некои само еднаш!“