Д-р Барт Ерман, професор по религиски студии на Универзитетот во Северна Каролина. Автор на десетици книги за Новиот завет и раното христијанство, автор и уредник на бројни книги, од кои некои се на листата на првите пет бестселери на Њујорк Тајмс (на пример, „Исус тоа не го кажа“ – научна студија трансферирана во приказна за тоа кој ја менувал Библијата и како) и еден од најпризнатите научници кога станува збор за Новиот завет, неодамна поканет од грчката Влада (и платен за тоа) да држи предавања на оваа тема, со посебен нагласок на историскиот Исус, христијанските апокрифи итн. Себеси се претставува како човек кој го минал патот од „христијански фундаменталист“ до скептик кој не верува во Бог од Библијата.
Подготвил: Дарко Јаневски
Овој разговор е базиран на мојата книга Forge (се однесува на евангелијата кои се потпишувани во име на некој од апостолите, а не се напишани од нив, односно се напишани од некој друг) и се однесува на тоа зошто авторите на Библијата не се тие кои ние мислиме дека се.
Јас предавам на Универзитетот во Северна Каролина каде повеќето од моите студенти доаѓаат од мошне конзерватива евангелистичка средина. Овој семестар (2015 г.) имав голем број студенти – 180, и на почетокот им објаснив дека ова не е црква и дека јас сум пред се историчар, и дека тука ќе учиме од историска перспектива, па така ќе го разгледуваме и Новиот завет. Не како книга на верата и верувањето, што Новиот завет е, туку ќе го изучуваме Новиот завет како документ во историски контекст.
Тоа е различен пристап од тој што тие го имале во црквата. На првиот час им дадов како задача обичен, брз квиз. Причииата е што сакав да видам колку тие знаат за Новиот завет. И сакав и самите да видат колку тие знаат за Новиот завет, пред да започнеме со часовите. Тестот има 11 прашања, и на студените им кажав дека секој кој ќе има 8 точни одговори од 11-те прашања, ќе го честам вечера во ресторант. Оваа година, од 180 студенти, платив вечера на само еден. Зошто? Бидејќи моите студенти се повеќе посветени кон тоа да веруваат во Библијата, отколку да знаат за Библијата. Тестот не е тежок, прашањата се лесни. На пример, првото прашање е колку книги има во Новиот завет? Нешто што би требало да го знае било кој. Точно е дека студентите се на 19 години, но одговорот е прилично лесен – има 27 книги. Зошто е одговорот лесен? Затоа што кога зборуваме за Новиот завет, зборуваме за Бог, и за светото тројство, а 27 е 3х3х3!
Следното прашање е на кој јазик е пишуван Новиот завет? Ова навистина ги збунува студентите. Половина од нив мислат дека одговорот е „хебрејски“, и никогаш не сфатив зошто така мислат. Но, ми се чини дека тоа е поради фактот што сите тие гледаат многу документарни филмови за Исус на историски канали или Нешенел географик, а во позадина на сликата на ТВ постојано се појавуваат некакви документи на хебрејски, и нормално, луѓето ги поврзуваат овие работи. Но тоа е погрешно. Одговорот е дека се пишувани на старогрчки, бидејќи тој бил јазикот во Римската империја кој ја имал улогата слична на таа што денес англискиот јазик ја има во Европа и во светот. Во Европа, во било која земја, доколку зборувате англиски јазик, лесно ќе се разберете. Така било и со грчкиот јазик во Римската империја. Затоа, луѓето кои сакале да комуницираат пошироко, пишувале на грчки. Оттука и книгите од Новиот завет се пишува на грчки јазик.
Во основа станува збор за тој вид на прашања, кои содржат во себе базична информација. Се разбира, во прашањата има и такви кои во себе кријат замки, бидејќи не сакам да плаќам многу вечери, па, на пример, едно од прашањата е кое е презимето на апостол Павле. Некои веднаш велат дека тоа е Тарсус (станува збор за градот од каде Павле потекнува, н.з.). Но поентата е дека луѓето во античкиот свет немале презимиња, освен ако не и припаѓале на високата римска аристократија и во тој случај имале неколку имиња. Обичните луѓе имале само по едно. Затоа во Новиот завет има многу различни луѓе, кои носат исто име, па понекогаш тешко се препознава кој е кој. Во таква ситуација на луѓето им се додава нешто за да може да се разликуваат меѓу себе. Во Новиот завет има многу жени со име Марија, па затоа се додава нешто, па ја имаме Марија – мајката на Исус, Марија од Бетани, Марија Магдалена (потекнува од градот Магдала) итн. Некои од студентите мислат дека презимето на Исус е Христос, но Христос на грчки значи „месија“. Значи Исус е месија, а тоа не е негово презиме. Знаете, Исус не е роден од Јосиф и Марија Христос.
Така што, моите студенти не знаат основни работи за Библијата, иако веруваат во Библијата,
Една од работите што моите студенти исто така не ја знаат, а и многу други, е дека во Библијата, во Новиот завет има книги во кои се тврди дека се напишани од луѓе кои не се автори на тие книги, кои не ги напишале тие книги.
Во денешно време, во модерно време, ако некој напише книга и ја потпише со името на некоја позната личност која не ја напишала книгата – тоа го нарекуваме измама, фалсификат. Во мојата книга тврдам дека и античките луѓе имале исто така негативен став кон тие кои го правеле ова. Тие исто така мислеле дека тоа е форма на лажење и измама и не го прифаќале тоа.
Пред да дојдам до тоа, сакам да проговарам за некоку книги кои не влегле во Новиот завет, а кои исто така се измамнички.
Фрагмент од Евангелието по Петар
Првиот пример што сакам да го посочам е Евангелието во кое се тврди дека е напишано од апостол Симон Петар, Евангелието по Петар. Оваа книга била изгубена со векови и била откриена дури во 1886 година. Тим француски археолози ископувал кај Каиро, всушност подоле по течението на Нил, Тие ископувале на некои гробишта и наишле на гробница на монах. Мислеле дека е монах бидејќи бил закопан со книга. Тоа е книгата за која ви зборувам. Има 66 страници и содржи четири антички документи. Првиот е тој кој се нарекува Евангелие по Петар. Има десет страници, но книгата го нема целиот текст. Ние го немаме целото Евангелие. Книгата почнува од половина реченица, па тоа е всушност фрагмент од Евангелието по Петар. Првата страница е црна, на втората страница има крст, на третата страница, на врвот, од левата страница почнува текстот, но почнува од половина реченица. Всушност, тој што ја препишувал книгата, што го копирал Евангелието, најверојатно во шестиот век, ја копирал од примерок кој исто така бил фрагмент, односно тој препишувал од претходна копија која исто така почнувала од половина реченица. Значи, ова откриено Евангелие не е фргмент, туку копијата од кое било препишувано е фрагмент. Книгата, Евангелието почнува со овие зборови:
„… и никој од Евреито не сакаше да ги измие своите раце, пa Пилат остана сам“..
Ја знете сцената кога Пилат вели дека Исус е невин, го измива рацете со вода и вели дека е невин за крвта на овој човек пред топлата. А Евреите возвраќаат: „Нека падне неговата крв врз нас и нашите деца. Така, Евреите ја преземаат одговорноста за смртта на Исус и оттука и антисемитизмот и омразата кон Евреите како виновни за смртта на Исус.
Евангелието по Петар не ја поддржува ова верзија на настаните. Според Евангелието по Петар, никој од Евреите не сакал да ги измие рацете, што ги прави уште повиновни за смртта на Исус од тоа што е преставено кај Матеј, Марко и Лука. Всушност ова е прилично антиеврејско Евангелие.
Тука е и описот на судењето на Исус, осудата, распнувањето и воскреснувањето, описи што го има и кај Марко, Матеј, Лука и Јован. Но, во описот во ова Евангелие има и многу разлики од евангелијата во Новиот завет. Најголемата разлика е на крајта. Евангелието по Петар го опишува воскреснувањето. Јас обично на моите студенти им велам дека во Новиот завет, воскреснувањето не е опишано. Сите овие евангелија велат дека Исус воскреснал, но само Евангелието по Петар опишува како тоа се случило. Кај Марко, Матеј, Лука и Јован, Исус е раснат, закопан и потоа, три дена подоцна, жените доаѓаат кај гробницата и ја наоѓаат празна. Со други зборови, Исус воскреснал, но евангелијата не ни раскажуваат како тоа се случило. Кај нив нема приказна за тоа како Исус излегол од гробницата. Токму тоа се раскажува во Евангелието по Петар. И тоа е извонредна приказна.
Според ова Евангелие, властите испратиле стража кај гробот на Исус за да бидат сигурни дека никој нема да го украде телото. И додека стражарите ја чуваат гробницата, погледнуваат нагоре и гледаат дека небото се отворило и два ангела се симнуваат од небото, од рајот, каменот кој ја затвора гробницата се истркалува самиот, тие влегуваат во гробницата и додека стражарите гледаат, тројца излегуваат од гробницата. Двајца се толку високи што главите им досегаат до небото, а третиот кого тие го придржувааат е толку висок што главата го надминува небото. И откако тие излегуваат од гробницата, зад нив се појавува крстот и глас доаѓа од рајот и вели:
“Дали проповедавте на оние кои спијат” и крстот одговара „да“. Така што овде го имаме гигантскиот Исус и крстот кој се движи и зборува. Се разбира, сето ова е метафора. Причината поради која ангелите се толку високи е едноставна: тие се ангели, тие се суперлуѓе, а суперлуѓето се високи. А Исус е повисок од нив бидејќи тој е син на Бога. Крстот кој зборува е метафора за прашањето, дали крстот на Исус се однесува на тие кои веќе се мртви? И одговорот е „да“. Така што, пораката на Исусовото спасение на крстот стигнала и до тие кои што веќе биле мртви пред Исус да се појави на Земјата и тоа е теолошко тврдење проширено преку метафора.
Една од останатите интересни карактеристики на ова Евангелие по Петар е тоа што се случува на самиот крај, бидејќи на крајот авторот се идентификува себеси. Последната строфа од Евангелието го кажува следново:
„Јас Симон Петар и мојот брат Андреј одлучивме да одиме на риболов и со нас дојде Леви, синот на Алфеус, кому Господ…“, и реченицата тука прекинува, кажувањето застанува точно во средина на реченицата и не сме сигурни што точно ќе се случи следно. Но, тоа што можеме да претпоставиме е дека ќе одат на риболов и ќе го видат Исус како се подигнува од мртвите и ќе разговара со нив, но Евангелието застанува тука.
Сепак, за моите цели интересно е тоа што авторот се идентификува себеси: “Јас, Симон Петар”. Тоа е впечатливо бидејќи Евангелијата по Матеј, Марко, Лука и Јован кои ги има во Новиот завет се напишани од автори кои не се идентификуваат, па тие евангелијата се анонимни. Подоцна некои препознале дека ова е напишано од Матеј, ова е напишано од Марко, ова од Лука, и некои „уредници“ ставиле наслов „Евангелие според Матеј“, но нема ништо во Матеј врз основа на што би заклучиле дека токму Матеј го напишал тоа евангелие, нема нарација во прво лице, авторот не кажува, на пример, „еден ден Исус ми пријде и отидовме во Ерусалим, правевме тоа и тоа“. Се е нарација во трето лице, но не и кај Евангелието според Петар. Тоа е напишано од некој кој тврди дека е Петар, но ова Евангелие е напишано некаде во раната втора деценија, најмалку 60 години откако Петар умрел. Ова е некој кој тврди дека е Петар, знаејќи убаво дека не е така, па со други зборови, лаже за својот идентитет.
Во античкиот свет го сметаат тоа за лага, во модерниот свет тоа го нарекуваме фалсификат – некој што тврди дека е друга личност. Научници на Новиот завет долго време тврдеа дека овој вид на литерарна активност на тврдење дека си некој друг била широко распространета и прифатлива во античкиот свет.
Едно нешто што се обидов да посочам во мојата книга е дека било широко распространето но не било прифатливо. Античките луѓе кажувале многу лоши нешта за овој вид на литерарна активност, тие не ја одобрувале, сметале дека е измамничка и не ја поддржувале. Добро, тоа е значи Евангелието според Петар. Ќе ви дадам втор пример, надвор од рамките на Новиот завет, за книга наводно напишана од Петар, овој пат е наречена “Апокалипсата според Петар”. Апокалипсата според Петар, е исто така во книгата од 66 страници која археолозите ја откриле во Египет. На некои начини Апокалипсата според Петар е поинтересна дури и од Евангелието според Петар. Апокалипсата според Петар е првиот примерок што го имаме во кој на некој му е овозможено да прошета низ рајот и пеколот. Сигурно ви е ова познато од прошетката низ рајот и пеколот од Божествената комедија на Данте. Е, па, Данте не ја измислил идејата за прошетка низ рајот и пеколот, туку тоа е стар мотив кој што се навраќа во христијанството и најраниот примерок што го имаме е тука во оваа Апокалипса според Петар. Во Апокалипсатта според Петар, самиот Петар ја опишува прошетката. Исус му го овозможува ова на Петар за да му ги покаже царствата на благословените и царствата на проклетите. Интересното нешто за ова е што описот на царствата на благословените во рајот не се толку многу интересни и причината е дека нема многу начини да опишеш вечно блаженство. Луѓето во рајот се среќни, благословени итн…, описот не е толку интересен, но ако имаш креативна имагинација и сакаш го објасниш малтретирањето на проклетите и описите на царствата на проклетите, тогаш тоа е многу поинтересно. Така, во пеколот, многу луѓе се казнувани според нивниот карактеристичен грев, значи каков што им бил карактеристичниот грев додека биле живи, така се казнувани после смртта и Петар гледа место каде што тие што лажеле се казнувани така што се обесени за нивните јазици над бескрајни огнови, бидејќи лажеле против Господ. Жените кои што си ја плетеле косата за да се направат попривлечни за да заведат мажи, се обесени за нивната коса над бескрајни огнови, а мажите кои биле заведени од тие жени биле обесени за друг дел од телото над бескрајни огнови.
Прошетка низ рајот и пеколот: Апокалипса по Петар
Пораката е јасна, ако сакаш да уживаш во благословот на рајот и сакаш да го избегнеш малтретирањето на пеколот, тогаш немој да грешиш. Лекцијата е едноставна, но исто така тука имаме примерок од книга која се тврди дека е напишана од Симон Петар, десната рака на Исус, главниот ученик, но со сигурност не била напишана од Петар, не била напишана се до вториот век, 60-70 години откако Петар умрел, од некој што тврди дека е Петар но не е.
Ова не се единствените книги што ги имаме од раното христијанство во кои се тврди дека се напишани од Петар. Имаме писма наводно напишани од Петар, имаме уште три апокалипси кои се тврди дека се напишани од Петар. Пишувањето книги во име на Петар било многу популарно во раното христијанство. Има две книги во Новиот завет за кои се тврди дека се напишани од Петар, но ни тие не се напишани од него.
Всушност станува збор за феномен што бил широко распространет во античко време. Тоа се случува и денес, но денес имаме многу технологии со кои тоа лесно се открива. За античкото време знаеме бидејќи луѓето зборувале за тоа. И во секој случај кога зборувале за пишување со лажно име, тие тоа го осудувале.
Ќе ви наведам еден пример. Постои една книга, која се именува како Апсотолски устав и која одредува како да се основа црквата, кои се правилата итн. Научниците мошне прецизно утрвдиле дека таа е напишана околу 380-та година. Исус умрел околу 30 година, повеќето до апостолските дела се напишани меѓу 50 и 100-та година, значи книгата е напишана неколку стотини години откако апостолите биле мртви. А во неа стои: „Јас Петар ви го велам ова…, Јас Андреј ви го велам ова… Јас Јован…“ итн.
Но, на крајот од книгата, авгторот тврди дека читателите не треба да ги читаат книгите како книги кои се напишани од апостолите (освен оваа, се разбира), однодно да не ги читаат книгите како книги кои се напишани од тие за кои се тврди дека се напиашни. Зошто го прави тоа? Тој го осудува то што самиот го прави. Но, на тој начин, се обидува да ја зголеми веродостојноста на својата книга. Така што доаѓаме до ситуација во која во античкиот свет пишувањето под лажно име, во име на некој друг, се осудува токму од тој кој тоа го прави.
И уште еднаш: дали во Новиот завет има книги, посланија кои не се напишани од апостолите? Научниците се согласни дека има, но не го нарекуваат тоа со зборот „фалсификат“ туку го употребуваат зборот „псеудографија“, што значи исто, но кога ќе чуете „псеудографија“ не ви звучи таа страшно како „фалсификат“ или лажно пишување. Не звучи така лошо. Но, кој и да го напишал Второто соборно послание на апостол Петар од Новиот завет, тој не е Петар. Постои дебата меѓу научниците за тоа кој го напишал Првото соборно послание на апостол Петар, но јас тврдам дека и ова не е дело на Петар. Причината е многу едноставна: Петар не знаел да пишува. Тој не знаел грчки. Тој бил сиромашен неписмен рибар. Всушност, многу студии покажуваат дека не повеќе од 10 отсто луѓе во Римската империја во тоа време биле писмени, а во Палестина само три отсто од нив знаеле да читаат и пишуваат. Петар не бил еден од нив. Тоа биле луѓе кои и припаѓале на високата класа и живееле в градовите во кои имало училшта. Згора на тоа, Петар зборувал арамејски, а ови посланија се напишани во висок стил на грчки јазик. Всушност, Делата апостолски, глава 4 стих 13, велат дека Петар би неписмен, па отпаѓа опцијата дека по воскрснувањето на Исус тој се запишал во некое училиште и научил старогрчки на висок стил.
Не мислам ни дека некој друг, по раскажувања на Петар ги напишал посланијата, такви примњри нема, но затоа има многу примњри кога други пишувале, а го потпишувале напишаното под туѓо име. Зошто? За да се чита книгата. Тоа биле луѓе без репутација, но ако потпишат дека книгата ја напишал Петар, тогаш таа автоматски ќе биде прочуена и ќе се чита.
Двете посланија во Новиот завет не се негови: Апостол Петар, како што е насликан од Рубенс
Значи двете посланија на Петар во Новиот завет веројатно не се напишани од него.
Павле има 13 посланија. За три од нив се знае дека не се напишани од него. Постојат уште три за кои се дебатира, но повеќето научниц сметаат дека не се напишани од него.Павле бил писмен, знаел да пишиува, па имаме седум писма од него. Кога имате седум писма, тогаш лесно е да ги спредувате другите со овие седум, по стил, употреба на зборови, теолошки насоки итн. Така што, кога ќе се направи оваа споредба, овие шест никако не можат да се поистоветат со седумтте, за кои сме прилично сигурни дека се напишани од Павле.
Значи имаме шест посланија од Павле кои не се негови, две од Петар кои не се негови, Посланиет од Јаков, братот на Исус, сосема сигурно не е напишано од него итн. Всушност имаме 10-12 посланија во Новиот завет кои не се напишани од авторите за кои се тврди дека се нивни творци, што е повеќе од една третина.
Шест од 13-те книги во Библијата потпишани под негово име се од двајца други непознати автори?
И тоа е сериозен проблем. Посебно во раното христијанство. Се тврди дека Бог е вистината, дека Исус е пат кон вистината, дека мораш да веруваш во таа вистина, дека таа вистина треба да се шири, а авторот кој тоа ви го вели – лаже за неговиот индетитет. Тој лаже, а ви вели да ја ширите вистината. Причината треба да се бара во вербата дека лагата не секога е лоша. Ако некој лекар го излаже пациентот со цел тој да го земе лекарството кое му е поттребно, тогаш тоа не е лоша лага. Тоа е лага која помага. Слична логика веројатно имале и тие кои пишувале писма и посланија во име на Петар и другите. Не можам со сигурност да кажам дека мотивите биле такви, но мислам дека тоа е сосема добра претпоставка. Тие мислеле дека нивните пораки се толку битни, толку значајни, пто сметале дека не е проблем ако излажат за авторството, за нивната порака да биде примена од што поголем број луѓе. За таа цел, биле подготвени да тврдат дека се некој друг. Така доаѓаме до иронијата дека некои рани хрситијани мислеле дека во име на вистината вреди да се лаже. Ви благодарам.
(Од предавањето на Барт Ерман во 2015 година на Кембриџ)