19 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 март.

Денеска е Св. 42 маченици во Амореја.

Во деветтиот век, за време на византискиот цар Теофил, Сарацените го нападнаа и освоија градот Амореја, во Мала Азија. Заробија многу луѓе, меѓу кои и овие 42 војсководци. Нив ги држеа в затвор седум години, а за тоа време многупати се обидуваа да ги натераат да се одречат од Христос и да го признаат мухамеданството. Заради нивната истрајност во верата, тие најпосле беа погубени.