Горан КАЛОЃЕРА, почесен член на МАНУ
Бришењето на наставниот предмет историја, во која било земја би било прифатено со негодување во јавноста и научните кругови. Кај нас, во Хрватска, вистина беше намален бројот на часови по историја, но никому со малку ум не би му паднало на памет да се осмели да го угаси предметот Историја на хрватскиот народ. Кај нас, во Хрватска, ова би предизвикало тектонски нарушувања од несогледливи размери. Ние, Хрватите сме горди на нашата историја од средниот век до ден денес. Точно, тука има некои темни страни, но оставаме на професијата, историчарите да ја решат. Има несогласувања за периодот на Втората светска војна. Но, повторувам, оставаме на историчари тоа да го решат, не на политичарите кои собираат свои политички поени од тоа.
Барем така гледам на проблемот со историјата, како исклучително важен предмет во образованието на младите Хрватки и Хрвати.
Верував дека е исто и во Македонија.
Но, за жал, не е така. Игнорирањето на овој наставен предмет, кој треба да се изучува во основно и средно училиште и да продолжи (тие што сакаат) на Катедрата за историја, како сега се случува во Македонија, е застрашувачки пример за уништување, бришење, игнорирање на сопственото минато.
Колку што ми е познато, а повеќе од педесет години се занимавам со Македонија и нејзиното минато, ова е трагедија од огромни размери.
Ако ги уништиш јазикот и историја на еден народ со политички декрет, си го избришал тој народ од листата на европски и светски народи. Народ без јазик и без историја престанува да биде народ, туку станува аморфна маса и секој што има амбиции може да земе дел од македонска торта, како што се тоа Бугарите, Грците, Србите и Албанците. Како просветен работник, како наставник, сметам дека ова е лошо, многу лошо.
Ако историјата е уништена и сведена на некој општ предмет, Македонија ја губи врската со минатото, со Климент, со просветителите, со преродбениците, со бунтовниците, со Илинден, со НОБ, со нова Македонија. Едноставно, нема повеќе Македонија!
Е, па, ако тоа е целта на актуелната власт, по цена никогаш повеќе да не стапнам на тлото на Македонија, да им ја ебам мајката предавничка.
Знам дека ова не се соодветни зборови на еден член на МАНУ и почесен доктор на скопскиот универзитет, ама моментално не ми паѓа ништо подобро на памет!