Д-р Ненад ЛАЗАРОВ, ПЗУ Медика Вера
НЕ за пребрзо враќање во што и да значи “нормален” живот и намалување на рестриктивни мерки.
Какво отворање градинки, какво отворање кафеани, каде е моралот и етиката?
Изборите и политичката борба за фотеља, користење моменти и рејтинзи во сред пандемија, ќе не чинат многу жртвувани здравствени работници а следствено и пациенти, ќе има смрт многу повеќе од сега што има.
Не сте способни заштитна опрема да ни обезбедите, а за избори сте способни да организирате?
Баталете политиканство, можат да почекаат избори, не правете велепредавство на народов.