Уште едно интервју на д-р Роберт Малоун, човекот кој ја измислил мНРА технологијата врз основа на која се создадени и функционираат вакцините против Ковид 19, сите, освен кинеските кои се базираат на старата технологија со инактивиран вирус и кои не се предмет на негов интерес.
Во ова интервју зборува за третата доза, за несаканите ефекти од вакцините, за тоа дека „омикрон“ веројатно не е резултат на природна мутација, за тоа дека мутациите се резултат на вакцинирањето и дека е апсурдно да се тврди дека ова е пандемија на невакцинираните, но тоа што за нас е посебно битно, се новите сознанија за несаканите ефекти од вакцините кај децата. За прв пат Малоун зборува за појава на неуропатија кај вакцинирнаите деца и тоа кај едно дете од 1 100 вакцинирани.
Со оглед на тоа дека кај нас не се инсистира на вакцинирање на децата, освен кај тие кои имаат други заболувања, битни се сознанијата за несаканите ефекти воопшто од спајк протеинот, но и за неподносливата леснотија со која Царовска и Филипче, поддржани од родители, ги пуштија децата на училиште со физичко присуство со протоколи кои немаат никаква практична примена. Илјадници деца се заразија, а со оглед на тоа дека единствен заеднички елемент од вакцините за кои зборува Малоун и самиот вирус е спајк протеиот, се чини разумно да се претпостави дека еден дел од несаканите ефкти кои се јавуваат како последица на вакцините, ќе се јават и како последица на прележување на вирусот. Веќе е докажано дека и кај заразените деца може да се јави оштетување на срцето (се тврди дека тоа е шест пати поретко отколку кај вакцините), постојат тврдења за тоа дека вирусот може да влијае на плодноста кај машките деца, а најновото од Малоун е дека според сведоштвото на врвен специјалист, спајк протеинот од вакцините предизвикува и неуропатија. Дали е тоа случај и со спајк протенот од природниот вирус? Никој не знае!
Засега, заговорниците на тезата дека децата треба да одат на училиште и дека не треба да носат маски, а кои со право тврдат дека вакцините со новата технологија се штетни, посебно за најмалите, не изнесуваат аргументи зошто сметаат дека тие несакани ефекти ги предизвикува спајк протенот од вакцините, а не и тој од самиот вирус при природно заразување. Единствено објаснување кое досега Малоун го има изнесено во врска со ова е дека при вакцинирањето, организмот за кратко време треба да се справи со голема продукција на спајк протеинот од клетките, поголема од таа што ја внесува самиот вирус со заразувањете, но не е сосема јасно колку е тоа издржано. Оттука, новите сознанија на Малоун во врска со сето ова, секако се од посебен интерес.
Интервјуто го води Дана Лоеш, а постирано е на 9 декември. За разлика од минатото интервју на Малоун со Викторија Кириленко од пред еден месец, кое Ју Туб го цензурираше, ова интервју изгледа добило „дозвола“ од светските надгледувачи на вашиот мир од „неосновани тврдења“ изнесени во врвни светски експерти. Во тоа интервју, чиј линк од објавата на Денешен ќе ви го постираме подолу, Малоун зборува дека „ова е најголемиот експеримент во историјата на човештвото“, но раскажува и како ЦИА односно нејзин офицер била вмешана во првичните случувања во Вухан.
-Што мислите за задолжителноста на вакцините и за третата „бустер“ доза?
МАЛОУН: Антони Фаучи уште еднаш е контрадикторен самиот на себе. Велеше дека нема да го сториме тоа никогаш и дека ќе ја почитуваме автономијата на луѓето. Постојат изјавите на Ненси Пелоси дека никогаш нема да го направат тоа и еве до каде стигнавме… Тие апсолутно немаат право да го прават ова. Ова не се лиценцирани вакцини и апсолутно е спротивно на Нирнберншкиот кодекс, на нашето прецедентно право и на федералниот закон на САД. Сега сакаат задолжителност на вакцините и за децата.
-Можете ли на кратко да ни ја објасните разликата меѓу традиционалните вакцини и овие со мНРА технологија?
МАЛОУН: Накратко, сите три вакцини кои се на располагање во САД се всушност генетска терапија која е применета за изработка на вакцини. Вакцините со аденовирус се еден вид технологија, мНРА се друг вид технологија. Тие имаат разлики и сличности, но сите три се инволвирани во вметнување на генетски материјал во вашите клетки со цел да ги предизвикаат вашите клетки да создаваат протеин, наместо со вакцината да се инјектира тој протеин. Еден од проблемите е што властите не ги принудија компаниите да испитаат и да објават каде тој генетски материјал оди. Сега знаеме дека тој материјал се движи низ целото тело и не останува таму што е инјектиран како што би требало да биде и како што тврдеа. Има и многу други нешта што беа кажани за овој материјал и за механимзот по кој функционираат овие вакцини, а што се покажа или дека е лага или дека немаат податоци за да ги поткрепат тврдењата.
-Вие тврдите дека треба да се вакцинираат и заштитат повозрасните и болните луѓе. Но не сте за масовна вакцинација. Дали масовната вакцинија, дали таа е причина поради која има толку многу мутации на корона вирусот? Дали тие мутации се случуваат пребргу? Властите велат дека ова е пандемија на невакцинираните. Вие велите обратно…
МАЛОУН: Тврдењето дека ова е пандемија на невакцинираните е апсолутно апсурдно. Тоа е спротивно на сите принципи на еволуција по пат на природна селекција. Отсекогаш сум сакал да ги цитирам луѓето кои се лидери во својата област, а д-р Герт ван ден Бош е секако тоа. Тој е еден од светските лидери во оваа област кој говореше за тоа. Вистината е дека многу од генетски селектирани мутанти кои „избегаа“ или супер вируси во смисла на т.н. супер бактерии кои се јавуваат кога давате премногу антибиотици, јасно е всушност дека многу од овие мутации се водени од еволуционата селекција предизвикана од вакцините, а не поради невакцинираните. Еве го проблемот. Новата мутација наречена „омикрон“ не одговара, не го следи моделот на еволуција на постојните варијанти на вирусот. Има нешто многу чудно. Омикрон е многу мутиран, резултат е на многу мутации во специфичен предел на вирусот, токму тој предел што го таргетираат вакцините, а овој вирус нема очигледни непосредни претци во другите вируси кои циркулират. Ние едноставно не знаеме што точно се случува. Има многу хипотези, една од нив е дека тој од човекот скокнал кај животните, па пак се вратил назад, но тоа нема многу смисла. Има размислување од еден експерт кој ги следи мутациите, тој е вакцинолог, кој вели дека „омиркон“ ги има сите белези на генетички мутиран вирус.
– Зборуваме со д-р Роберт Малоун кој е оригиналниот креатор на мНРА технологијата. Едно од прашањата кое сакам да ви ги поставам е зошто ве потценуваат. Вие сте ја измислиле оваа технологија, а сепак се обидуваат да ве омаловажат?
МАЛОУН: Битно е да се знае дека нападот од Атлантик врз мене, кој е полн со контрадикторности, е составен на брзина од еден прилично неискусен автор. А Атлантик е во сопственост на Гејтс фондацијата и вдовицата на Стив Џобс. Тука е и Роберт Џонсон фондацијата. И овие посебни напади се појавија околу недела и половина по текстот во кој Питер Наваро и јас во Вашингтон тајмс изложивме план за тоа како да се справиме со Ковид 19 заложувајќи се за поинаква политика од таа што се води сега, а која се базира на вакцинирање. Ние се заложивме за вакцинирање на постарите и на тие што се изложени на ризик, а за ран третман на другите. Тој напад беше реакција кон мене, бидејќи на некој начин бев критичен и кон постојната администрација што веќе навлегува во политички води. Зошто го правам сето ова? Лично, сметам дека ова што се случува е премногу навредливо. Верувам дека и вие, кога би се соочувале со нешто слично во вашата професија, би станале и би рекле „чекај, ова не е во ред“. Дури и по цена на кариерата, бидејќи имате интегритет. Па така, и јас немав избор. Кога станав свесен за тоа што се случува, а станав свесен и затоа што имам добри врски со луѓе од ФДА, Министерството за одбрана и сум потрошил многу време на состаноци во Центарот за контрола на болести и слично, па врз основа на сето тоа можам да видам што се случува, и кога бев прашан на првиот подкаст пролетта која стана вирален, одговорив искрено според тоа што мислев дека е вистина во тој момент. И потоа следеше вистинска каскада. Во секој случај, работите за кои сум обучуван 30 и повеќе години, работите кои се дел од мојата професија, едноставно се уништени од ова лудило. Нарушени се сите етички норми, нарушени се сите регуларни практики, и испадна дека да ставиш сол на рана е технолошка платформа што јас сум ја развил кога бев млад. Се чини дека тој млад новинар од Атлантик едноставно не може да го свари ова, неговиот ум не може да го прими сето тоа. И продолжуваше да ме прашува зошто го правам ова? Му реков бидјеќи тоа е правилно. Изгледа дека тоа не му одговараше. Според него, мора да има некоја позадина, мора да имам некој финансиски интерес. Да кажеш дека ова го правиш само затоа што е правилно, изгледа дека не е доволно. Тоа е неверојатно и е слика за интегритетот на целото наше општество.
-Сте зборувале за ова, за реакциите посебно кај младите, за миокардитис, за перикардитис кај младите луѓе од вакцините, но кои се новите искуства во врска со ова?
МАЛОУН: Јас не работам на клиника. Но менаџирам тимови кои работат на клинички испитувања. Од тоа заработував за живот, пред да се случи тој вирален подкаст, но се уште соработувам со многу лекари. Пред некој ден имав извонреден подкаст со педијатар-кардиолог кој е специјалист и за васкуларна инфламација Тој е квалификуван толку колку што некој воопшто може да биде квалификуван во своите области. И се покажа дека листата на несакани ефекти, само од минатата недела, оштетувањата на срцето кај младите момчиња, но сега и кај девојчињата, е доста честа појава. Последните податоци од Хонг Конг публикувани минатата недела покажуваат дека се оштетувањата се јавуваат кај едно дете на секои 2 700 со потреба од коспитализација (податоците пред пандемијата велат дека таквите појави претходно се јавувале кај едно дете на 100 000, а првите податоци од вакцинираните деца во Израел беа дека сега границата се спуштила на 20 000, во Калифорнија е 167 деца на милион, а ете во Хонг Конг податоците се уште поалармантни, н.з).
Но ние сме фокусирани на миокардитисот. Од друга страна, пред некој ден во сведочење во Луизијана беше истакнато дека има висока појава на неуропатија кај вакцинираните деца (оштетување или дисфункција на нервите, н.з). Податоците говоратд ека тоа с ејавува кај едно дете на 1 100. Па така, испаѓа дека додека бевме фокусирани ан миокардититост, всушност постои долга листа на несакани ефекти. Децата се со ниок ризик. Освен ако немаат други болести, децата го поминуваат ова како обична настикна. И плус, како што беше сведоечено во Луизијана, никогаш во историјата на светот, не сме ги жртвувале децата, не сме ги ризикувале децата, за да ги заштитиме постарите. Секогаш било обратно. Секогаш постарите правеле се што е можно за да ги заштитите децата. Сега бараме од децата да ги жртвуваат своите животи и здравје за да ги зашитат повозрасните. Како сега испадна обратно? Кој ги носи таквите одлуки?
-Уште едно прашање ве молам. Уште колку бустер дози треба да примиме? Рекоа дека ова може да трае до 2026 година. Колку вакцини уште треба да примиме дотогаш?
МАЛОУН: СЗО и Велика Британија, имам еден пријател таму, нивната временска рамка за ова е до 2026 година. Добро е да се знае за да можеме да си планираме. Колку пати да се вакцинираме? На секои две години? На секои два месеци? Кој знае? Еве ги проблемот. Ништо од ова не одговора на науката, вирусологијата, вакцинологјата, имунологијата… Ќе примите вакцина, но се случува неверојатно брзо опаѓање на имунолошкиот одговор по примањето, а никој не знае зошто. Никој не го поставува прашањето зошто? И сега велат да примите трета доза… но, треба да се има в предвид дека „многу, не секогаш е добро“. Знаете, исто е како со вакцините против грип. Ако примите премногу, едноставно може да го угасите вашиот имунолошки одоговор. Премногу, не значи секогаш дека е добро. Тоа мислење во овој случај е пренаивно.